Инсиње му оддаде почит на Марадона на посебен начин, направи спектакуларна тетоважа во негова чест (ВИДЕО)
Д М8 дек 2020

Пред две недели Диего Марадона почина во својот дом во Буенос Аирес.
Марадона почина на 60 години, а неговата смрт го потресе фудбалскиот свет.
Ова особено се однесува на Наполи, каде Марадона помина некои од најубавите денови во својата кариера и постигна резултати со Наполи за кои многумина сметаа дека не се можни.
Затоа тој секогаш ќе има посебно место и статус во Неапол, што и денес се гледа јасно. Неговата смрт го потресе и капитенот на овој тим, Лоренцо Инсиње, кој реши да му оддаде почит на Марадона на посебен начин.
Имено, Инсиње го истетовира Марадона на ногата, а изгледот на тетоважата ја воодушеви јавноста.
View this post on Instagram
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



