SportM
Фудбал

Интер е нов рекордер во Серија А

Д М16 апр 2022
Интер е нов рекордер во Серија А

Интер ја продолжува трката за нова италијанска титула.

Во 33. коло на гости ја совлада Специја со 1:3.

Стрелци за Нероаѕурите беа Брозовиќ, Мартинез и Санчез.

Интер сега е на второто место со 69 бодови, два помалку и натпревар помалку од лидерот Милан.

Натпреварот против Специја влезе во историјата на италијанскиот фудбал. Имено, Интер стана првиот тим кој славел на гости во Серија А против 66 различни екипи и со тоа стана рекордер на чизмата  во оваа статистика.

https://twitter.com/gippu1/status/1515041298499219459

На тој начин го прескокнаа Јувентус кој на гости не ги победи Тревизо и Месина.

Трет на споменатата листа е Милан кој не славеше на гости кај Лече, Карпи и Авелино.

Следната сезона Интер би можел да ја продолжи оваа серија доколку во Серија А влезат екипите на Кремонезе, Пиза или Монца.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.