SportM
Фудбал

Интер ги расипува плановите на Барселона: Одлучи да го купи договорот за Сенси

Д М12 апр 2020
Интер ги расипува плановите на Барселона: Одлучи да го купи договорот за Сенси

Стефано Сенси во Интер пристигна на позајмица на почетокот на сезоната и остави одличен впечаток во овој клуб.

Сепак, на крајот на ноември тој беше повреден и немаше премногу простор за игра, па беше доведено во прашање и купувањето на неговиот договор.

Но, во Интер тие не размислувале ниту еден момент, бидејќи се задоволни од она што имаа можност да го видат од овој фудбалер.

Значи, првиот план во следниот преоден рок е купувањето на неговиот договор и цената ќе биде 20 милиони евра, што не претставува проблем за нив.

Барселона подготвуваше понуда за овој фудбалер по неговото враќање од позајмицата, но Интер ги расипа плановите на каталонците.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.