Connect with us

Фудбал

Интер и Барселона започнаа преговори за Лаутаро Мартинез

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез е во одлична форма оваа сезона во дресот на Интер.

Лаутаро досега има одиграно 28 натпревари за Интер оваа сезона и има постигнато 16 гола на сите натпреварувања. Аргентинецот има договор со Интер до летото 2023 година, но се зголемуваат шпекулациите дека ќе го напушти тимот во текот на летото.

Овој 22-годишен напаѓач е на мета на неколку клубови, но најголем интерес покажа Барселона. Каталонците бараат замена за Луис Суарез, а тие веруваат дека Лаутар би бил идиеален.

Истакнатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио утрово објави дека добил потврдена информација од „Меаца“ дека Интер преговара со Барселона за евентуална продажба на Лаутаро.

loading...

Интер е подготвен да го ослободи Лаутаро доколку дојде до задоволителна понуда бидејќи веруваат дека неговото заминување нема да создаде толку многу проблеми, и дека Антонио Конте брзо ќе најде замена за него, со многу помалку пари.

Барселона е подготвена да плати околу 100 милиони евра за Лаутаро, и тие сакаат што поскоро да ја завршат работата. Доколку се постигне договор, тогаш Лаутаро ќе го носи дресот на каталонскиот клуб од следната сезона.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com