Интер и Ериксен се разделија

Популарниот новинар Фабрицио Романо објави дека Интер ја раскинал соработката со Кристијан Ериксен.
Ериксен вчера пристигна во Милано, а веќе беше јасно дека соработката ќе биде прекината.
Сè се случи малку неочекувано, со оглед на тоа што Ериксен играше многу добро и беше важна алка во Интер.
Но, на почетокот на ЕП доживеа срцев удар, а благодарение на брзата реакција на докторот му беше спасен животот.
Нему му е вграден дефибрилатор и му е дозволено активно да игра фудбал, но не и во Италија каде што има јасно правило за играчи со какви било проблеми со срцето.
На почетокот на овој месец, Данецот се врати на теренот и почна да тренира во Одензе. Моментално претежно трча, но има и вежби со топка и удари кон голот.
Играчот од средниот ред би можел да се врати во Холандија во тимот на Ајакс за кој настапуваше од 2009 до 2013 година кога замина во Лондон и потпиша за Тотенхем.
Да потсетиме, кариерата ја започна во помладите категории на Одензе. За Интер одигра 60 натпревари на кои постигна осум гола и запиша три асистенции.



