SportM
Фудбал

Интер Мајами заинтересиран за Меси, во клубот веруваат дека Лео ќе оди кај нив

Д М31 окт 2022
Интер Мајами заинтересиран за Меси, во клубот веруваат дека Лео ќе оди кај нив

Лионел Меси може да ја продолжи кариерата во САД. Интер Мајами е заинтересиран за трансфер на напаѓачот на ПСЖ, објави „Атлетик“.

Расте довербата во МЛС клубот дека 35-годишниот ќе им се приклучи. Од сите опции Аргентинецот да ја продолжи кариерата, вклучително и продолжување на договорот со Парижаните и враќање во Барселона, опцијата за трансфер во клубот од Мајами е поразвиена од другите.

Засега Интер го очекува Меси да им се приклучи и се надеваат дека ќе го ангажираат напаѓачот во наредните месеци. Контактите меѓу страните траат веќе неколку години.

Хорхе Меси, таткото на Лионел, имал многу средби со косопствениците на МЛС клубот. Се очекува двете страни да не разговараат за ништо до крајот на Мундијалот.

Еден од косопствениците на Интер е поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.