Интер му понуди 10 милиони евра на Тотенхем за Ериксен

Интер е подготвен да ги интензивира преговорите со Тотенхем, со надеж дека ќе обезбеди трансфер на играчот од средниот ред Кристијан Ерискен за десет милиони евра, а не за 20.
И покрај инсистирањето на генералниот директор на Интер, Бепе Марота дека тој не е во контакт со агентот на Интер или агентот на Ериксен, италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба се во преговори.
Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува во јуни, но играчот сака да го напушти овој месец, наместо на крајот на сезоната како бесплатен трансфер.
Според италијанскиот медиум, „Ла Газета дело Спорт“, преговорите официјално ќе започнат денес, бидејќи Интер изрази подготвеност да потроши десет милиони евра за Данецот.
Од друга страна, „Тутоспорт“ верува дека трансферот би можел да биде завршен за 15 милиони евра, бидејќи двата клуба најверојатно ќе се сретнат во средина, по нивната првична понуда.
Многу извори во Италија и Англија тврдат дека Ериксен веќе има личен договор со Интер за четиригодишен договор вреден 7,5 милиони евра по сезона.
Трансферот на Артуро Видал изгледа се помалку и помалку веројатно, бидејќи Барселона е фокусирана да бара нов тренер, обидувајќи се да го отпушти Ернесто Валверден.



