Интер никогаш повеќе нема да биде истиот – По 11 години легендарниот голман ја напушти „Меаца“!

Словенечкиот голман Самир Хандановиќ повеќе не е играч на Интер, потврди вицешампионот на Европа.
Хандановиќ мина 11 години во клубот и ја носеше капитенската лента околу раката на италијанскиот гигант.
Искусниот Словенец остави огромен белег во дресот на „нероазурите“. 38-годишниот Љубљана одигра дури 455 натпревари за Интер, го освои „скудетото“ во 2021 година и два трофеи во Купот на Италија во 2022 година и една година подоцна.
Клубот и навивачите му посакаа се најдобро на Хандановиќ на неговото збогување и му се заблагодарија за се што направи за Интер.
Легендарниот Словенец на голот го замени Камерунецот Андре Онана, а останува да видиме каде и дали Хандановиќ ќе ја продолжи кариерата.
Grazie Samir 🧤 🖤💙 #ForzaInter pic.twitter.com/5IfFUifWhX
— Inter ⭐⭐ (@Inter) July 12, 2023



