SportM
Фудбал

Интер повторно ја одби понудата на Наполи

Д М1 авг 2019
Интер повторно ја одби понудата на Наполи

Интер ја одби и втората понуда од Наполи за напаѓачот Мауро Икарди, иако овој пат понудата беше повисока, односно 60 милиони евра.

Како што пишува „Кориере дело спорт“, нероазурите остануваат цврсто во ставот дека Аргентинецот вреди 80 милиони евра, и дека последната понуда на Наполи не ги исполнува нивните очекувања.

Инаку, Аргентинецот не е во добри односи со раководството на Интер, па сака да замине од клубот, а и новиот тренер Антонио Конте го отпишал од неговите планови.

Италијанскиот клуб има проблем и во однос на тоа кој ќе го замени Икарди, кога нивната прва желба Ромелу Лукаку е се поблиску до Јувентус, а и втората желба Кавани, им се заблагодари на понудата, но им даде до знаење дека има договор со ПСЖ до следната година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.