SportM
Фудбал

Интер сака да го врати Заниоло

Д М11 јул 2020
Интер сака да го врати Заниоло

Интер се кае за тоа и ќе даде се од себе за да го вратат Заниоло дома.

Интер го „загуби“ играчот од средниот ред Николо Заниоло пред две години речиси за ништо, сè додека тој во Рома не стана еден од најперспективните играчи од средниот ред во Италија и Европа.

Заниоло одигра голема улога во триумфот на вториот тим на Интер, младинската екипа во сезоната 2017/18, но Рома реши да го земе во своите редови во замена за Раџа Наинголан.

Додека Наинголан не успеа во Интер и беше позајмен во Каљари, 21-годишниот играч стана sвезда во Рома.

Според „Тутопорт“, Интер многу жали и ќе даде се од себе за да го однесе дома.

Заниоло, кој исто така се поврзува со Јувентус и Реал Мадрид, се проценува на 50-60 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.