SportM
Фудбал

Инзаги пред отказ во Интер, Барселона и Сасуоло се ултиматумот, а потоа доаѓа Дејан Станковиќ?!

E R3 окт 2022
Инзаги пред отказ во Интер, Барселона и Сасуоло се ултиматумот, а потоа доаѓа Дејан Станковиќ?!

Угледната италијанска „Газета“ денеска пренесува дека Симоне Инзаги е пред отказ од Интер, а се би требало да биде јасно во следните девет дена по натпреварите против Барселона во Лигата на шампионите и Сасуоло во следното коло од Серија А.

Интер игра лошо оваа сезона. „Нероаѕурите“ по осум кола се само деветти во италијанскиот шампионат со 12 освоени бода, а двата последователни порази од Удинезе и Рома дополнително ја стресоа клупата на Инзаги.

Раководството на клубот очекува поранешниот тренер на Лацио веднаш да го размрда тимот и да постигне поволни резултати во следните два меча, што нема да биде воопшто лесно, особено ако се земат предвид одличните настапи на Барселона од стартот на сезоната.

Доколку 46-годишниот Инзаги, кој летово го продолжи договорот со вицешампионот на Италија до летото 2024 година, добие отказ, на негово место би можел да дојде Дејан Станковиќ.

Поранешниот стратег на Црвена звезда е желба на навивачите и еден од милениците на управата. Сепак, Сампдорија во меѓувреме му врачи отказ на Марко Џампаоло, а познато е дека нивниот прв пик е токму Станковиќ, па останува да се види дали ќе го чека Интер.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.