Инзаги се лизна и падна по скали, а реакцијата на навивачите не е многу за пофалба (ВИДЕО)

Минатиот викенд фудбалерите на Интер без проблем го совладаа тимот на Каљари со 4-0 на домашен терен.
Интер полесно од очекувањата успеа да дојде до нови три бода и да го преземе врвот на табелата во Серија А.
Фудбалерите на актуелниот шампион на Италија ги воодушевија своите навивачи со одличното издание против Каљари, а особено се истакнаа Лаутаро Мартинез и Алексис Санчез кои одлично соработуваа во нападот.
Симоне Инзаги реши овојпат да го одмори Един Џеко бидејќи по 4:0 навистина немаше потреба да влезе во игра иако претходно се загреваше.
И по натпреварот Инзаги беше во центарот на вниманието, но поради неверојатната ситуација која се случи кога се упати кон соблекувалната.
Инзаги одеше по скалите до тунелот на стадионот, но потоа се лизна и падна на грб што насмеа многумина, но медиумите критикуваа некои навивачи на Интер што веднаш почнаа да се смеат иако нивниот тренер можеше да се повреди.
Но, неговите помошници беа тука да му помогнат, а самиот Инзаги се насмеа на неговиот пад.
https://youtu.be/Bm8TC4Kit1c



