Инзаги седна на клупата на Салернитана
Д М11 окт 2023

Тренерска смена се случи на клупата на Салернитана, откако италијанскиот фудбалски прволигаш му врачи отказ на португалскиот стратег Пауло Соуса и на негово место го назначи Филипо „Пепе“ Инзаги.
Поранешниот португалски репрезентативец мораше да замине откако не успеа да забележи ниту една победа на стартот на италијанското првенство. На осум натпревари клубот од Салерно има ефект од три нерешени и пет порази, и се наоѓа на претпоследното место на табелата.
Неговиот наследник, 50-годишниот Инзаги, ќе дебитира на клупата на Инзаги на 22 октомври на домашен терен против Каљари.
Три години помладиот брат на Филипо, Симоне Инзаги, е тренер на милански Интер.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



