Иско не знаеше како ќе го пречекаат во Мадрид, а веќе во тунелот беше на работ на солзи

Шпанскиот фудбалер Иско викендов за прв пат се врати во Мадрид по заминувањето од Реал летово и кариерата ја продолжи во Севиља, а немаше поим каков пречек ќе има на Сантијаго Бернабеу.
Реал Мадрид во саботата оствари нова победа во дербито против Севиља пред своите навивачи. Кралскиот клуб победи со 3:1 и се уште е единствениот непоразен клуб во шпанската Ла Лига.
Во центарот на вниманието пред натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ беше Иско, кој за прв пат се врати во Мадрид, а играше против својот поранешен клуб.
Иско помина девет години во Реал Мадрид и освои се што можеше, а летово како слободен играч се пресели во Севиља откако кралскиот клуб не му понуди договор за продолжување на соработката.
Во претходните сезони Иско не играше премногу, а тоа особено се однесува на ерата на Зинедин Зидан. Ниту под водство на Карло Анчелоти немаше завидна минутажа, поради што на крајот го напушти Реал Мадрид.
Иско во саботата за прв пат се врати во Мадрид и се плашеше како ќе биде пречекан на овој стадион, но на крајот секако се излезе над сите негови очекувања.
Овој 30-годишник беше пријатно изненаден веќе во тунелот на стадионот пред да излезе на теренот, бидејќи сите негови соиграчи од вчера срдечно го поздравија, а истото го направи и Анчелоти, што особено го изненади Иско.
Ликот на Иско покажа колку е среќен што завчера беше пречекан од соиграчите, а шлаг на тортата беа аплаузите од навивачите на Реал Мадрид кога тој излезе на теренот.
https://twitter.com/gxlderodry/status/1583955067270754305
Иско во Реал Мадрид пристигна во летото 2013 година од Малага за 30 милиони евра, а за девет години во кралскиот клуб освои се што можеше.
Во досегашниот дел од сезоната Иско во дресот на Севиља одигра 14 натпревари во сите натпреварувања и забележа две асистенции.



