SportM
Фудбал

Иско се врати на тренинзите со тимот

Д М24 сеп 2019
Иско се врати на тренинзите со тимот

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско се опорави од повредата и започна да тренира заедно со тимот.

Според информацијата објавена на официјалната веб-страница на Реал, играчот од средниот ред се опорави од повредата на колкот и заедно со соиграчите ги започна подготовките за средбата од 6. коло на Шпанското првенство со Осасуна.

Тренерот Зинедин Зидеан се уште ќе ги нема на располагање, барем на заедничките тренинзи, Марсело и Лука Модриќ. Двајцата поради повредите не се во состојбата да работат со пол интензитет и затоа се вклучени на индивидуална програма.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.