SportM
Ракомет

Историја: Младинците на Еурофарм Пелистер се пласираа на фајнлфорот во Лигата на шампиони

Редакција19 апр 2025
Историја: Младинците на Еурофарм Пелистер се пласираа на фајнлфорот во Лигата на шампиони

Фото: tv21m

Историски успех остварија вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер во младинска конкуренција, обезбедувајќи пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони.

До пласманот на јунскиот фајналфор младинците на Еурофарм Пелистер дојдоа со победа (37-36) над домаќинот Динамо во Букурешт со која го освоија првото место на квалификацискиот турнир што се одржа во романската престолнина.

По одигрувањето на четвртфиналните групи познати се и противниците на Еурофарм Пелистер во завршната битка за трофејот во младинската Лига на шампиони. Тоа ќе бидат шпанска Барселона, унгарски Веспрем и дански ГОГ Гудме.

Фајнлфорот ќе се одржи во Ланксес Арена во Келн на 14 и 15 јуни.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.