Италија и Франција се ривали, но без омраза. Донарума подобар од Мењан?!

Италија вечерва ќе се соочи со Франција на „Сан Сиро“ во нивната петта групна средба во Лига А, Лигата на нации. Во пресрет на ова супердерби, во интервју за „Кориере дела Сера“ зборуваше Себастијан Фреј, поранешниот голман на француската репрезентација и бројни познати клубови од Серија А.
„Ова не е обичен натпревар. Тие се како братучеди и ривали, иако нема омраза: секогаш е посебна пресметка за двете страни. Ќе бидам на стадионот, ме повика Зидан и едвај чекам да го следам натпреварот. Љубопитен сум да ја видам состојбата на овие две репрезентации кои моментално се наоѓаат во различни ситуации: едната мора да победи, додека на другата и’ е потребна обнова“, истакна Фреј.
Поранешниот голман не можеше да одбегне и прашањето за споредбата меѓу Мајк Менјан и Џиџо Донарума. „Тие се два голмани од висок ранг со големо искуство зад себе. И двајцата имаат поминато низ добри и лоши моменти. Ако ги погледнеме освоените трофеи, Донарума се истакнува со многу пехари, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите. Ако треба да бирам, би го избрал Џиџо, особено поради тоа што освои многу во последните години“, рече Фреј.



