SportM
Фудбал

Италијанците известуваат: Хакими потпиша петгодишен договор со Интер

Д М30 јун 2020
Италијанците известуваат: Хакими потпиша петгодишен договор со Интер

Иако се уште се чека официјална потврда за трансферот, скоро сите истакнати италијански медиуми објавија дека Ашраф Хакими има потпишано договор со Интер.

Овој млад десен бек слета во Милано утрово за да помине медицински прегледи пред трансферот во редовите на Нероаѕурите, а италијанските медиуми во последен час известуваат дека сè поминало добро и дека овој млад човек веќе го потпишал договорот.

Извори известуваат дека Мароканецот пет години потпишал лојалност на Интер, односно дека потпишал до летото 2025 година. Според договорот, тој ќе заработува пет милиони евра годишно, што ќе го направи еден од најплатените фудбалери во Италија.

Интер му плати на Реал Мадрид 40 милиони евра плус пет милиони бонуси. Според извештаите, Реал нема вградена откупна клаузула во договорот за овој играч, што покажува дека Интер направи одлична работа.

21-годишниот фудбалер беше на позајмица во Дортмунд во претходните две сезони, каде обезбеди фантастични игри, па ова лето многу клубови беа заинтересирани за него, но на крајот Интер ги заврши работите без многу мака.

Наскоро се очекува „Нероазурите“ да ја потврдат веста за трансферот на официјалната веб-страница.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.