Италијанците пласираа „бомба“, се огласи и агентот на Игуаин

Некои италијански медиуми пред неколку дена известија дека Гонзало Игуаин сака да го напушти Милан.
Аргентинецот на „Сан Сиро“ дојде во летниот трансфер период и досега за Милан постигна пет голови, покрај тоа што во клубот се задоволни со она што го покажа, се појавиа информации дека Пипита уште оваа зима сака да замине. Поконкретно, да се врати во Јувентус.
Не требаше долго да се чека за да се огласи и агентот на Игуаин, односно неговиот брат, кој категорично ги отфрли гласините.
„Ќе им препорачам на новинарите да не шират лаги, ниту пак разговаравме за тоа, ниту пак зборував за враќањето на Игуаин во Јувентус. Овие лаги се чести“, рече Николас Игуаин.
Враќањето на Игуаин во Јувентус сигурно ќе се случи, но следното лето, кога неговиот заем во Милан завршува.



