Connect with us

Фудбал

Иван Ракитиќ одбива да ја напушти Барселона

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ не сака да ја напушти Барселона.

Искусниот играч од средниот ред е постојано поврзан со напуштање на редовите на шпанскиот шампион, но како што тврди „Марка“, тој одбива да си замине.

„Марка“ открива дека Ракитиќ е среќен на „Камп Ноу“ и дека е уверен дека ќе се избори за минутажа, иако конкуренцијата во средниот ред е навистина голема.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде има многу проблеми кога станува збор за избор на тројца играчи од средниот ред, бидејќи тој има врвни имиња.

Во моментов, средниот ред на каталонскиот гигант покрај Ракитиќ го сочинуваат Серхио Бускетс, Френки де Јонг, Артур Мело, Карлос Алена, Артуро Видал, Рафиња и Серџи Роберто.

Марка тврди дека е најблизу до излезната врата на Рафиња, но и дека Видал и Ракитиќ одбиле да го напуштат клубот, а во овој случај Барселона се наоѓа во одредени проблеми.

Сигурно ќе има заминувања до крајот на месецот и останува на раководството на каталонскиот шампион да одлучи кој е нивниот вишок.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com