SportM
Други

Ивановски полуфиналист на турнирот во Опатија

Редакција28 мар 2025
Ивановски полуфиналист на турнирот во Опатија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Опатија, откако попладнево го совлада вториот носител Зденек Колар од Чешка со 2-0 во сетови (6-3, 7-6).

Откако поведе со 1-0 во сетови, Ивановски во вториот сет надомести негатива од два гема (1-3, 2-4), а во тајбрејкот при водство ан противникот од 4-2, нанижа пет поени во серија и обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисери.

Противник на Ивановски во утрешното полуфинале ќе му биде сонародникот на Колар, Михаил Врбенски, кој е трет носител.

Фјучерсот во Опатија се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.