SportM
Фудбал

Избраниците на Раул му донесоа трофеј од ЛШ на Реал Мадрид

Д М25 авг 2020
Избраниците на Раул му донесоа трофеј од ЛШ на Реал Мадрид

Јуниорите на Реал Мадрид ја совладаа Бенфика во финалето со 3:2 и со тоа ја освоија првата титула во Лигата на шампионите за млади фудбалери.

Иако Бенфика беше позната како фаворит, на крајот Мадрид победи во финалето на завршниот турнир.

Реал имаше 2:0 на полувремето. Пабло постигна гол за 1:0 во 26. минута на стадионот „Коловреј“, а во крајот на првото полувреме Јоху се приближи до победата на Кралевите со својот гол.

Во 49-та минута, Рамос ја врати Бенфика во игра, но една минута подоцна веќе беше 1:3, а овој пат стрелец беше Гутиерез.

Бенфика успеа да стигне до 2:3 преку Рамос во 58-та минута, а во 68-та минута Дантас промаши пенал и на тој начин го остави клубот од Лисабон без трофеј, а Раул Гонзалез и неговите момчиња славеа на крајот со титулата.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.