Изјавата на Де Хеа најдобро ја покажува состојбата на Манчестер Јунајтед
Д М7 окт 2019

Навивачите на Манчестер Јунајтед вчера претрпеа нов пораз.
Тие загубија од Њукасл со 1-0 во 8. коло од Премиер лигата, а по натпреварот, голманот на оваа екипа, Давид Де Хеа, беше многу искрен, велејќи дека ова е најтешкиот период од пристигнувањето во клубот.
„Навистина не знам што да кажам. Ова е најтешкиот момент од кога дојдов овде. Не знам што се случува. Не можеме да постигнеме ниту еден гол на два натпревари. Тоа не е прифатливо. Не само во овој натпревар, туку цела сезона … “, рече разочараниот Де Хеа.
По овој пораз, „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 12. место во англиската лига со само два бода повеќе од зоната на опасност.
За да се влошат работите за нив, следниот меч е против Ливерпул.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



