SportM
Фудбал

Изјавата на Клоп одекнува низ Енфилд: Готово е!

Д М11 окт 2022
Изјавата на Клоп одекнува низ Енфилд: Готово е!

Германскиот стручњак на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека нема повеќе надеж за неговиот тим.

 

Ливерпул имаше лош почеток на сезоната во Премиер лигата. По девет кола, минатосезонските вицешампиони на Англија се само десетти. Последниот пораз го претрпеа во неделата на „Емирати“ од тимот на Арсенал со резултат 3:2.

 

Ова не беше почеток на сезоната што ја очекуваа на „Енфилд“. Избраниците на Јирген Клоп собраа само 10 бода и прерано ја загубија титулата, барем така мисли Клоп, кој рече дека неговиот тим повеќе не е еден од претендентите за освојување на Премиер лигата.

„Не сме во трка за титулата. Во моментов имаме проблеми“, призна Германецот, чиј тим заостанува 14 бода зад водечкиот Арсенал.

 

„Во оваа ситуација играме со Арсенал, Ренџерс и Манчестер Сити. Дали ова се совршените противници за да ви ја вратат самодовербата? Веројатно не. Но, ќе одиме и ќе се бориме. Ние сме во тежок период. Сакаме заедно да го поминеме ова Работиме на тоа, изјави Клоп.

 

Тренерот на Ливерпул бараше позитивност и во играта на своите играчи по натпреварот против Арсенал.

„Од друга страна, многу го измачувавме лидерот на табелата, тим кој е во одлична форма. Тоа го направивме дури и во многу лоша ситуација за нас. Мораме да продолжиме“.

 

Клоп ќе мора да се справува со кадровски проблеми во следните натпревари. Трент Александер-Арнолд и Луис Дијаз се повредија на мечот против водечките во поредокот.

 

„Првиот го искриви глуждот, ногата веднаш почна да отекува. Дијаз? Работата со коленото не изгледаше како што треба“.

 

Во меѓувреме стигна информацијата и не е добра, со оглед на тоа што Колумбиецот нема да биде на терен до декември иако не мора да оди на операција на коленото.

 

Ливерпул сега прво гостува кај шкотскиот тим Ренџерс во Лигата на шампионите, а следниот викенд го очекува големо дерби со Манчестер Сити.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.