Изненадување на Атлетико, пристигнува замена за Феликс од – Барселона?!

Жоао Феликс е на пат за Лондон, а може да пристигне замена од – Барселона?
Според мадридските медиуми, Атлетико Мадрид ја контактирал Барселона за да ја истражи ситуацијата околу Мемфис Депај.
Очигледно Диего Симеоне нема ништо против Депај да дојде наместо Феликс, секако тоа би било позајмица.
Така Холанѓанецот и официјално би се збогувал со Барселона, бидејќи има договор до 30 јуни и досега ниту една страна не изразила желба да продолжи.
Каталонците не можат да го продадат Депај оваа зима, бидејќи тој сака да си ја реши судбината кога ќе пристигне на лето, но Барса би можела да заштеди на неговата плата до крајот на сезоната со заминување на позајмица.
Депај пристигна во Барса како слободен играч во летото 2021 година кога му истече договорот со Лион.
Тој сакаше двегодишен договор, кој го доби и затоа веќе е на излезната врата на Барселона…



