SportM
Фудбал

Извлечени паровите за четвртфиналето во германскиот куп, Бајерн на тежок испит

Д М9 фев 2020
Извлечени паровите за четвртфиналето во германскиот куп, Бајерн на тежок испит

Минатогодишниот шампион, за одбрана ќе има многу тешка задача во ова натпреварување.

Веќе видовме неколку големи изненадувања во германскиот куп оваа сезона, со тоа што Бајерн Минхен, Бајер Леверкузен, Шалке, Унион Берлин, Ајнтрахт, Вердер, Фортуна Дизелдорф и голема сензација, екипата на Сарбрукен, член на Четвртата германска лига, се најде меѓу најдобрите осум екипи.

Денес во просториите на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, беше направена ждрепката за четвртфиналето, а јасно е дека најинтересно ќе биде во Гелзенкирхен каде Шалке ќе биде домаќин на Баерн.

Фармацевтите ќе играат со Унион Берлин на својо терен. Ајнтрахт ќе биде домаќин на Вердер, кој ја елиминираше фаворизираната Борусија Дортмунд.

Сарбрукен имаше среќа и ќе игра против тимот на Фортуна, на својот терен.

Натпреварите се закажани за 3-ти март, а сè уште не е одреден часот на почеток на истите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.