Connect with us

Фудбал

Ја избра Кина во цутот: „Не сакам да бидам сиромашен во старост и да живеам од сечавања“

Бразилскиот фудбалер Оскар (30) го шокираше фудбалскиот свет кога пред четири години го напушти Челзи и замина во Шангај, Кина.

Оскар одигра навистина одлично во дресот на лондонските сини. Тој имаше доста добар договор, но потоа дојде понуда од Кина која едноставно не можеше да се одбие.

Шангај СИПГ му понуди нешто повеќе од 20 милиони евра нето по сезона. Никаде во Европа не би земал толкава плата и немаше дилема дали ќе ја прифати понудата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oscar Emboaba (@oscar_emboaba)

Во овој трансфер добро се снајде и Челзи. Доби 60 милиони евра, а Оскар секогаш без двоумење велеше дека дошол во Кина за пари.

„Кина има финансиска моќ и играчите не можат да одбијат таква понуда. Секој работник ќе прифати подобра финансиска понуда поради неговото семејство“, рече Оскар и продолжи:

„Доаѓам од сиромашно семејство кое никогаш немало ништо. Ова се плодовите на мојата напорна работа и се чувствувам како победник поради ваков договор“.

Оскар никогаш не бил критикуван дека ја напуштил Европа во нивните најдобри години.

“Не ме интересираат критиките. Размислував за семејството и иднината. Не сакам да бидам сиромашен во старост и да живеам од сеќавања”, искрено рекол Оскар.

Бразилскиот фудбалер и по пристигнувањето во Кина во 2017 година призна дека дошол таму поради парите.

„Да не ми требаат пари, воопшто не би го напуштил Бразил. Верувам дека повеќето играчи би донеле иста одлука како мене. Знам дека играњето во Кина по Челзи е чекор наназад, но повторувам дека јас не можев да ги игнорирам парите“, изјави Оскар.

Оскар одигра 146 натпревари за Шангај СИПГ (денес Шангај пристаниште) и постигна 44 гола.

Претходно, 30-годишниот играч играше пет години за Челзи, три за Интернасионал и две години за Сао Паоло.

Реклама

Facebook

Реклама