Ја одби Барса: „Не жалам, заслужувам подобро од тоа!“

Нигерискиот напаѓач Одион Игало беше на мета на Барселона во јануари, но каталонската понуда беше одбиена.
Игало тврди дека одбил шанса да се приклучи на Барселона на позајмица во јануари, бидејќи смета дека „заслужил подобро“ од краткорочниот договор.
Поранешниот напаѓач на Ватфорд постигна 21 гол за Чангчун Јатаи во кинеската Суперлига, по што дојде понудата на Барселона.
„Мојот агент ми кажа за интересот од Барселона. Клубот сакаше напаѓач со искуство во Ла Лига и некој што го разбира шпанскиот фудбал“, рече Игало, додавајќи:
„Но, тие сакаа некој на позајмица, наместо на трајна основа. Требаше да биде шест месеци и строго како резервен напаѓач. Беше убаво да се слушне дека ме сакаат во Барселона и веројатно многу напаѓачи би го прифатиле тоа, но јас не сум заинтересиран“.
„Со сета почит, јас завршив како втор најдобар стрелец во Кина со 21 гола, заслужувам подобро и не сакам да бидам краткорочен играч некаде. Тоа е причината зошто ја одбив Барселона и тоа беше лесна одлука“, рече Игало.
„Треба да донесувате правилни одлуки во вашиот живот и да се запрашате дали е добро да го направите тоа, или треба да ги задоволите другите“, заклучи тој.
Игало во моментов е играч на Шангај Шену и одигра еден натпревар за новиот клуб. Тој играше за Ватфорд во својата кариера и во Премиер лигата тој покажа најмногу – 90 настапи и 36 гола.



