Фудбал
Ја прашаа мајката на Мбапе каде нејзиниот син ќе игра следната сезона, таа одговори: Мислам дека сите знаете!
Одличниот француски фудбалер Килијан Мбапе синоќа со свечена ечера се прости од Пари Сен Жермен, а по излегувањето од ресторанот, неговата мајка Фајза накратко проговори за неговата иднина. Мбапе минатата недела го официјализираше заминувањето од ПСЖ, а сите очекуваат наскоро да потпише договор со Реал Мадрид, клубот за кој сака да игра уште од раното детство.
🔵 La madre de Mbappé responde a la pregunta del millón: "¿Dónde jugará el próximo año?"
✍️ @jaumetix https://t.co/SPiYZE5H05
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) May 21, 2024
Парижаните му приредија проштална забава на стадионот, а потоа синоќа клубот организираше проштална вечера на која присуствуваа дури 250 гости. Достоинственици се собраа во француската престолнина за да бидат со Мбапе на неговиот последен јавен настан во Париз, пред тој да се пресели во нов клуб. Присутна беше и неговата мајка Фајза Ламари.
При излегувањето од ресторанот, Фајза беше директно прашана за новиот клуб, а се чини дека нејзиниот одговор на сите јасно го покажа патоказот на нејзиниот син, а тоа се Сантијаго Бернабеу и Реал Мадрид.
-Мислам дека сите веќе го знаете тоа“, изјави Фајза, поранешна француска ракометарка по потекло од Алжир. Подоцна, веројатно свесна дека кажала премногу, додаде дека не знае ништо за трансферот, но никој од медиумите не и верувал во таа изјава.