SportM
Фудбал

Јапонците објавија нов термин за Олимпијадата

Д М29 мар 2020
Јапонците објавија нов термин за Олимпијадата

Олимписките игри во Токио, кои беа одложени оваа недела до следната година, треба да бидат отворени на 23 јули и да се затворат на 8 август 2021 година, според неименуван извор од јапонската национална телевизија НХК.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе во вторникот објави дека Игрите се одложени поради пандемијата на вирусот „Ковид-19“ околу една година, со што Токио стана првиот град во 124-годишната историја на современите Олимписки игри каде што не се одржуваа натпреварите според планираниот датум, со исклучок на годините во времето на Првата светска војна и Втората светска војна, кога Олимпијадата требаше да биде откажана.

Јапонија инвестираше 12 милијарди долари во подготовката за Игрите, а годинашната загуба на предвидените приходи не треба да влијае на јапонската економија, бидејќи трошоците ќе бидат пониски. Јапонскиот министер за економија Јасутоши Нишимура во неделата изјави дека владата планира стимулативен пакет на економски мерки, кои премиерот Абе ги нарече најголеми во историјата.

„Ако расходите се префрлат на следната година, тоа значи дека ќе ги имаме тие пари на располагање оваа година. Ние ќе го земеме предвид тоа“, рече Нишимура за НХК.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.