SportM
Фудбал

Јас сум навивач на ПСЖ, но кога требаше да играм, ме пуштија“

Д М30 сеп 2021
Јас сум навивач на ПСЖ, но кога требаше да играм, ме пуштија“

Францускиот репрезентативец, 22-годишниот Муса Дијаби обезбедува одлични игри во Баер Леверкузен.

Одличните игри му донесоа и место во францускиот национален тим, а последните денови се споменува неговото враќање во ПСЖ.

Дијаби е дете на ПСЖ, ги помина сите категории, но не размислува за враќање додека не го добие статусот во ПСЖ што го заслужува како дете на клубот.

“Јас сум голем фан на ПСЖ. Кога требаше да играм и да собирам искуство како млад, тие одлучија да ме пуштат”, рече Диаби, а потоа додаде:

“Не е исклучено еден ден да се вратам во ПСЖ, но со различен статус на играч. Мојата цел е да дојдам во ПСЖ како докажан играч од кој корист ќе има тимот”.

Дијаби одигра два натпревари за „триколорите“, а за помладите селекции на Франција собра дури 49 настапи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.