Јирген Клоп крена голема прашина пред дербито: Оваа изјава гарантира вистински хаос

Екипата на Ливерпул имаше многу лош старт на новата сезона во Премиер лигата.
Тимот од Енфилд од осум одиграни натпревари има само 10 поени и веќе е јасно дека борбата за титулата е веќе изгубена.
„Црвените“ во недела ќе му гостуваат на главниот фаворит за титулата Манчестер Сити. Граѓаните се фаворити пред овој меч поради лошата форма на избраниците на Јирген Клоп, а германскиот стручњак се обиде да понуди потенцијално алиби за пораз пред овој меч.
Тој го пофали Сити. Смета дека се најдобриот тим на светот и рече дека поради парите овој клуб може се.
„Никој не може да се натпреварува со Манчестер Сити. Вие го имате најдобриот тим на светот и го додавате најдобриот напаѓач на пазарот и не прашувате колку чини. Ние во Ливерпул не можеме да го направиме тоа. Едноставно не е можно.“ изјави Клоп.
„Има три клуба кои можат да прават што сакаат во светот на фудбалот – финансиски (Сити, Њукасл, ПСЖ). Тоа е факт, иако знам дека на Сити ова нема да му се допадне. Сето тоа е легално. Мораме да работиме на поинаков начин, внимавајте на многу работи и тоа сите го знаете. Невозможно е да се справиш со клубови така“, изјави Клоп.
Поради овие зборови, навивачите на Сити не се среќни. Бројни се коментарите дека изјавата на Клоп е нелогична бидејќи всушност Ливерпул минатото лето на Дарвин Нуњез му плати 100 милиони евра.
Клоп тврди дека Нуњез би постигнал повеќе голови ако играше за Сити наместо за Ливерпул.
“Дарвин би постигнал повеќе голови доколку беше во тимот на Сити оваа сезона. Тој исто така би бил добро засилување за нив. Треба да му создадеме повеќе шанси за гол”, изјави Клоп.
Пеп Гвардиола сигурно нема да му остане должен на Клоп за овие изјави и сигурно е дека ни претстои многу возбудливо дерби на „Енфилд“.
Средбата помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити се игра во недела од 17:30 часот.



