Јирген Клоп открива кој ќе го наследи на „Енфилд“!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, за „FourFourTwo“ изјави дека порано или подоцна легендата ќе дојде наместо него.
Клоп е токму тоа што му требаше на Ливерпул, но сите на „Енфилд“ се прашуваат што после Германецот? Кој би можел да го наследи?
Ако веруваме во зборовите на самиот Клоп, тоа ќе биде – Стивен Џерард. Тој во моментов е на клупата на Глазгов Ренџерс, кој по три кола во Шкотска има три бода помалку од Селтик и ја започна групната фаза на Европската лига со победа над Феенорд.
Џерард е легенда на Ливерпул и има одиграно 710 натпревари за Ливерпул од 1998 до 2015 година.
“Ако ме прашате кој треба да ме наследи, јас би рекол Стиви. Јас му помагам кога и да можам. Верувам дека тој ќе биде мојот наследник”, рече Клоп.
Клоп тврди дека не е совршен, но дава се од себе за резултатите на Ливерпул.
“Јас сум доволно стар за да знам дека давам сè во овој бизнис. Јас не сум генијалец, не сум совршен, но за клубот давам 100 проценти. Ако тоа е доволно, одлично. Ако не е, тогаш тоа е само проблем на ситуацијата”.
Во споменатото интервју за ФФТ, Клоп истакна дека не е љубоморен и дека е подготвен да го напушти своето место еден ден на друга личност, а исто така потенцираше дека тој е премногу отворен и едноставно сака народ и сака живот, па затоа е подготвен да им даде шанса на сите.



