Јовиќ среќен што се врати во Ајнтрахт
Д М6 мар 2021

Напаѓачот Лука Јовиќ е уверен дека неговото враќање од Реал Мадрид во Ајнтрахт Франкфурт е правилен потег.
– Мислам дека враќањето во Ајнтрахт Франкфурт е напредок за мене. Нема сомнение дека тоа беше правилна одлука, во овој тим сè ми одговара. Главната работа е дека тимот е успешен. Кога тимот покажува позитивни резултати, јас се чувствувам задоволен. Ќе се обидам да му помогнам на Ајнтрахт колку што можам, изјави Јовиќ за шпански „АС“.
Србинот е на позајмица во Ајнтрахт од јануари 2021 година. На негова сметка се три гола на осум натпревари за бундеслигашот.
Дваесет и тригодишниот Јовиќ веќе играше за клубот од Франкфурт од 2017 до 2019 година, по што се пресели во Реал Мадрид за 63 милиони евра.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



