Јунајтед го доведува Вернер користејќи ја „тактиката“ на Реал при потпишувањето на Азар

Манчестер Јунајтед се смета за еден од главните кандидати за носење на Тајм Вернер.
Одличниот германски напаѓач игра уште една добра сезона и е главниот „виновник“ што Лајпциг во моментов е лидер во Бундеслигата, и дали има смисла Вернер да го напушти германскиот состав кој се бори за титула, и да замине во екипа која се бори за тешката четворка во Премиерлигата?
Секако, одговорот е јасен, но важно е да се потенцира и големината на Манчестер наспроти Лајпциг во фудбалскиот свет, што е секогаш важно за играчите кога прават трансфери.
Експертот за трансфер, Јан МекГари вели дека играчот го сакаат и Челзи и Јунајтед, и дека „црвените ѓаволи“ ќе ги користат „тактиките“ на Реал кога го донесоја Еден Азар ова лето.
Така, Јунајтед ќе почека до крајот на сезоната, а во меѓувреме ќе им даде и на Лајпциг и на Вернер шанса да ја завршат работата.
„Јунајтед го скаутираше Вернер за натпреварите во Лајпциг. Мојата информација е дека Вернер го фаворизира трансферот во Премиер лигата, но Лајпциг сега има амбиции за историска титула и не е реално да го продаде својот најдобар напаѓач во јануари. И покрај желбата на играчот, сигурен сум дека Лајпциг не го сака тоа. Но, постои еден вид договор што клубовите го прават со играчи кои сакаат да заминат.Тоа значи дека клубот ги добива тие шест месеци доверба на играчите и потоа му дозволува да оди за поразумна опција. Така на сите им одговара, така и Азар замина во Реал“, кажа МекГари.



