SportM
Фудбал

Јунајтед му дозволува на Погба да замине по доаѓањето на Бруно Фернандез

Д М31 јан 2020
Јунајтед му дозволува на Погба да замине по доаѓањето на Бруно Фернандез

Манчестер Јунајтед е подготвен да му дозволи на францускиот играч од средниот ред Пол Погба да замине за пониска цена во текот на летото, откако го заврши договор за купување на Бруно Фернандез.

Бруно Фернандез во четвртокот го комплетираше трансферот од 55 милиони евра на „Олд Трафорд“ од Спортинг Лисабон – потпишувајќи договор што ќе го задржи во клубот до 2025 година.

Се шпекулираше за трансферот на 25-годишниот играч минатото лето, но потребата на Солскјер за засилување во средниот ред се влоши во јануари, поради повредата на Пол Погба – Скот МекТоминај.

Бруно се смета за совршена замена за Пол Погба, кој долго време бара заминување на Манчестер Јунајтед.

Погба е под радарот на Реал Мадрид и Јувентус од минатото лето, иако не можеше да игра, поради повреда на глуждот што мораше да биде подложен на операција.

Агентот на Погба, Мино Раиола, честопати го критикувал клубот јавно и ова ги натерало челниците на клубот и тренерот да бидат подготвени да се разделат со победникот на Светскиот куп со Франција.

Бидејќи 25-годишниот Португалец се смета за директна замена за Погба, „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја намалат цената што ја поставиле за играчот, 150 милиони фунти, за да може Французинот да замине на крајот на сезоната.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.