SportM
Фудбал

Јунајтед одби пари плус Перишиќ за Лукаку

Д М10 јун 2019
Јунајтед одби пари плус Перишиќ за Лукаку

Раководството на Манчестер Јунајтед ја отфрлило првата понуда на Интер за напаѓачот Ромелу Лукаку.

Според „Газета дело Спорт“ предлогот вклучувал пари плус Иван Перишиќ.

Белгиецот е една од главните трансфер цели на новиот тренер на „нероазурите“, Антонио Конте. Од „Олд Трафорд“ сепак инсистираат да добијат сума од редот на 75 милиони фунти, без да биде вклучен друг фудбалер во неа.

Самиот Лукаку, кој минатата сезона постигна 12 гола, веќе призна дека има желба да заигра во Серија „А“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.