SportM
Фудбал

Јирген Клоп ги руши сите рекорди

Д М3 јан 2020
Јирген Клоп ги руши сите рекорди

Ливерпул синоќа го совлада Шефилд Јунајтед со 2:0 без многу потешкотии и стабилно се стреми кон титулата во Премиер Лигата.

Ливерпул има 58 бода, 13 повеќе од Лестер и само чудо може да го запре на патот до титулата.

Јирген Клоп навистина ја работи вистинската работа, а фактот што екипата на Клоп последен пат загуби во Премиерлигата пред една година на 03.01 во 2019 година од Сити, е неверојатен.

Тогаш беше 2-1 за граѓаните, со тоа што Фирмињо го постигна единствениот гол за Ливерпул.

Во следното коло, Луверпул гостува во Лондон, кај Тотенхем. Дали Мурињо ќе го спречи „скалпот“ на Клоп, останува да се види 11.01. во 18 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.