Јувентус бара 18 милиони евра за Игуаин
Д М25 мај 2020

Јувентус постави цена од 18 милиони евра за Гонзало Игуаин, кој го бара Ривер Плата и разни клубови во Англија.
Игуаин кариерата ја започна во Ривер Плата, па најверојатно е дека ќе замине во родната земја, но аргентинскиот клуб ќе се соочи со конкуренција од Њукасл Јунајтед и Волците.
Според италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да го продаде напаѓачот ова лето, но не за помалку од 18 милиони евра.
Јувентус платија 90 милиони евра за да го купат Аргентинецот од Наполи во 2016 година, а тој возврати со 63 гола на 139 натпревари, од кои осум постигна во текот на оваа сезона.
Тој може да замине како слободен играч во јуни 2021 година, затоа што тогаш неговиот договор ќе истече.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



