SportM
Фудбал

Јувентус донесе изненадувачка одлука по дебаклот во Лигата на шампионите

Д М26 окт 2022
Јувентус донесе изненадувачка одлука по дебаклот во Лигата на шампионите

По минатата сезона во која Јувентус не освои ниту еден трофеј по долга серија години, оваа сезона помина уште полошо. Торинскиот клуб е очаен во Серија А и по 11 кола е осми со 19 бода, десет помалку од водечкиот Наполи, а доживеа вистинско понижување во Лигата на шампионите од која се прости по само пет кола, а не е сигурно и продолжувањето во конкуренцијата во Лига Европа. Како што вообичаено се случува, прво му се „симнува“ главата на тренерот, што се уште го бараат навивачите, а Јувентус донесе одлука за Масимилијано Алегри.

По синоќешниот пораз од Бенфика со 4:3 згаснаа соништата на Јувентус за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите од групата во која најавија борба за првото место со ПСЖ.

Ниту продолжувањето на натпреварувањето во Лига Европа не е сигурно, со оглед на тоа што пред крајот на колото имаат ист број бодови како и Макаби од Хаифа – три.

Се чини дека по овие резултати некој треба да добие отказ од клубот, а на мета на навивачите е тренерот Масимилијано Алегри. Сепак, челниците на Јувентус имаат поинаква претпоставка. Иако работата на Масимилијано Алегри треба да виси на конец со вакви лоши резултати, тој останува на клупата на „Старата дама“.

Како што пренесува Фабрицио Романо, и покрај неговото збогување од Лигата на шампионите, Алегри ќе продолжи да биде тренер на Јувентус. Андреа Ањели, претседателот на клубот од Торино, ќе продолжи да работи со него.

“Нема промена во ситуацијата на Масимилијано Алегри. Тој нема да добие отказ сега и нема да го напушти клубот и покрај поразот од Бенфика. Ањели ја потврди својата намера да продолжи да работи со Алегри”.

Алегри, инаку, има валиден договор со Јувентус до крајот на јуни 2025 година.

„Алегри е критикуван од неспособни луѓе. Господинот Макс е феномен, тој е меѓу најдобрите тренери во светот и тие што го критикуваат немаат поим од фудбалот“, изјави фудбалерот на Ал Шарџа.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.