Connect with us

Фудбал

Јувентус доцна синоќа договори два одлични излезни трансфери

Јувентус е многу активен на крајот од зимскиот преоден рок.

„Бјанконерите“ го реализираа трансферот на големото засилување откако во Торино пристигна Душан Влаховиќ, одличен напаѓач и тип на играч кој му беше неопходен на торинскиот тим.

Следен кој треба да пристигне е Денис Закарија кој ќе го засили средниот ред, нешто што му требаше и на Јувентус.

 

Според информациите од Италија, Јувентус доцна синоќа успеал да договори два излезни трансфери. Од тимот си заминуваат играчи кои навистина не можат да се пофалат со својата форма.

Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур кариерата ќе ја продолжат во Тотенхем, а двата трансфери ќе се реализираат посебно.

 

Уругвајскиот играч за врска заминува во Лондон за 20 милиони евра. Таа сума е вклучена во сите бонуси. Со околу 3% одат во Бока Јуниорс.

 

Кулушвески прво ќе биде позајмен за 5 милиони евра, но Тотенхем има обврска да го купи шведскиот играч за врска на крајот од сезоната за 30 милиони евра.

 

Торинскиот клуб реши донекаде да го промени тимот. Нападот го освежи Влаховиќ, а следуваат промени во средниот ред, кој досега беше најслабата алка на тимот.