Јувентус е мајстор за преговори: Познато колку го платија обесштетување за Сари

Јувентус вчера официјално потврди дека италијанскиот експерт Маурицио Сари е новиот тренер на овој клуб.
Сари помина само една година на клупата на Челзи и не можеше да одбие кога Јувентус испрати понуда. Овој експерт со Челзи ја освоил Лига Европа и се очекуваше да остане на клупата на лондонскиот клуб.
Сепак, Јувентус беше многу упорен во преговорите, а Сари не ја криеше желбата да ја прифати понудата. Единствениот проблем беше договорот што овој тренер го има со Челзи.
Челзи не сакаше туку така да ја прекине соработката, бидејќи во договорот јасно пишува дека куповната цена на Сари била шест милиони евра. Јувентус сигурно плати обесштетување, но „Tuttosport“ извести дека поминаа многу подобро.
Наводно, Јувентус му платил само еден милион евра за Сари, во преговорите успеале да ја намалат цената за пет милиони евра. За време на преговорите, Сари само повтори дека сака да се врати во Италија, бидејќи е важно да биде близу до неговите родители кои не се во најдобра здравствена состојба.



