SportM
Фудбал

Јувентус го става Сари под посебен третман

Д М18 мар 2020
Јувентус го става Сари под посебен третман

Шампионот на Италија, Јувентус го стави својот тренер Маруицио Сари под посебен третман, за да го заштити од корона вирус, откако двајца фудбалери, Даниеле Ругани и  Блез Матуиди тестираа позитивно за коронавирус.

Тестот на Сари е негативен, но тој е изложен на ризик повеќе од другите. Менторот има 61 година и пуши три кутии цигари на ден. Тој е поранлив на заболувања на белите дробови. На почетокот на оваа сезона, тренерот страдаше од пневмонија.

Аурелио Виргили, близок пријател на Сари, кој го познава 20 години, откри како се чувствувал Сари.

„Разговарав со него пред три дена. Тој е во добра состојба и позитивен. Му недостасува дневната рутина и работа, но сега тој е фокусиран на она што може да го направи од дома. Тој гледа натпревари, тренинзи, анализира играчи. Тој е како машина“, вели Виргили.

Тој додаде дека Маурисио не е сам, иако е изолиран во Торино.

„Тој го има Енрико, долгогодишен негов пријател. Таму е и неговото куче Чиро. Маурисио гледа многу фудбал, но тој исто така чита многу. Покрај тоа,си разменува шеги со Гвардиола за гласините на трансфер пазарот“, додава тој.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.