SportM
Фудбал

Јувентус и официјално исфрлен од Европа

Д М28 јул 2023
Јувентус и официјално исфрлен од Европа

Фото: Atalanta Bc – Juventus Fc Dusan Vlahovic of Juventus Fc celebrates after winning the Serie A match beetween Atalanta Bc and Juventus Fc at Gewiss Stadium on May 7, 2023 in Bergamo, Italy . Bergano Gewiss Stadium Italy Copyright: xMarcoxCanonierox

УЕФА излезе со официјално соопштение во кое потврди дека торинскиот Јувентус нема да биде член на Лигата на конференцијата следната сезона. Причината за забраната е кршење на правилата за финансиски фер-плеј.

Дополнително, „Старата“ е казнета со 20 милиони евра, од кои 10 милиони се условни, доколку прекршокот се повтори во следните три сезони.

Во претходното издание на Серија А, Јувентус беше седмопласирана екипа, откако на „бјанконерите“ им беа одземени шест бода поради финансиски прекршоци. На теренот најтрофејниот италијански клуб се зацврсти на третата позиција, место кое ќе го однесе Јуве во Лигата на шампионите.

Треба да се нагласи дека Манчестер Сити, актуелниот шампион на Европа, не е казнет поради кршење на финансискиот фер-плеј со забрана за учество на натпревари под капата на УЕФА, туку само финансиски.

Ваквата одлука на УЕФА практично значи дека учество во ЛК ќе обезбеди следниот тим на табелата во Серија А од претходната сезона – тоа е Фиорентина, која првенството заврши на осмото место. „Виола“ која минатата сезона играше во финалето на Конференциската лига и загуби од Вест Хем, сега повторно ќе има можност да се натпреварува во најмладото европско клупско натпреварување.

Јувентус во официјалното соопштение соопшти дека сепак ги смета обвинувањата на УЕФА за лажни, но дека нема да се жали на одлуката. Практично, ваквата одлука е своевидна спогодба со европската куќа на фудбалот, која гарантира дека италијанскиот гигант ќе може да настапува во Европа почнувајќи од сезоната 2024/2025.

Останува да видиме како оваа одлука ќе влијае на изгледот на тимот предводен од Масимилијано Алегри.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.