SportM
Фудбал

Јувентус и ПСЖ близу до договор за размена на играчи

Д М24 јан 2020
Јувентус и ПСЖ близу до договор за размена на играчи

Јувентус и ПСЖ се многу блиску до договор за размена на играчи.

Според италијанските медиуми, левиот бек Лајвин Курзава ќе дојде во Торино, додека десниот бек Матија Де Шиљо ќе оди во спротивна насока.

Реномираниот новинар Фабрицио Романо вечерва објави дека договорот меѓу двете екипи е многу близу до завршување и дека размената треба да биде официјално потврдена наскоро.

Курзава не игра премногу оваа сезона. Тој се појави само на 14 пати и тоа сигурно не го задоволува овој играч чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Од друга страна, ситуацијата е иста со Де Шиљо, кој настапуваше само девет пати за Јувентус.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.