Јувентус ја шокираше Барселона со името што го сакаат во замена за Пјаниќ

Јувентус од Торино веќе одби неколку играчи кои му беа понудени во замена за Миралем Пјаниќ.
Откако стана јасно дека Артур Мело не сака да биде дел од размената помеѓу Барса и Старата дама, каталонскиот гигант им ги понуди Иван Ракитиќ, Артур Видал и Усмане Дембеле, но екипата од Торино ги отфрли сите понуди.
Како и да е, ако не можат веќе да го добијат Артур, Јувентус реши да игра на голем, па според „РМЦ“, клубот од Торино ја побара ѕвездата на Барселона Френки де Јонг.
Барселона минатата година му плати за 23-годишниот играч од средниот ред 75 милиони, но тој не играше веднаш и не експлодираше како што очекуваа сите. Наводно, самиот Холанѓанец не е премногу среќен на „Камп Ноу“, а Јувентус му нуди можност да заигра со неговиот одличен пријател Матијас де Лихт.
Сепак, тешко е да се верува дека Барселона ќе се согласи да се откаже од Де Јонг по само една сезона. Тие скапо го платија, но Јувентус очигледно реши да се обиде да земе што е можно повеќе од каталонскиот клуб.
Преговорите меѓу двата клуба за размена во моментов се запрени, но нема сомнение дека ќе има повеќе обиди од Барселона да го набави Миралем Пјаниќ.



