Јувентус ја враќа легендата во клубот!

Јувентус објави дека Андреа Барзаљи се вратил во црно-белиот клуб, овој пат во улога на помошник тренер на тренерот Маурицио Сари.
Барзаљи се повлече од професионалниот фудбал на крајот на минатата сезона, каде ја заврши кариерата како играч на Јувентус. Италијанскиот шампион соопшти дека 38-годишниот фудбалер ќе ја започне својата кариера следниот ден, каде ќе биде со тренерот Сари.
GOOD NEWS! 😃 @andreabarzagli2 … is back! https://t.co/s41rO6Iaao pic.twitter.com/JyP1jJVJsw
— JuventusFC (@juventusfc) September 25, 2019
Барзаљи оствари 281 настап со Старата дама од 2011-2019 година, освојувајќи осум првенства во Италија по ред и стигна до две финалиња во Лигата на шампионите. Тој беше дел од тимот на Италија во 2006 година, каде беа прогласени за светски шампиони.



