Поврзи се со нас

Фудбал

Јувентус не се предава: Клубот од Торино повторно ги бара одземените титули!

Јувентус ќе ја продолжи постапката за враќање на титулите што им беа одземени.

Поради познатата афера „Калчополи“ и местење натпревари, Јувентус остана без титулите од 2005 и 2006 година. Титулата од 2005 година остана без сопственик, а следната му беше доделена на Интер.

Сепак, управата на клубот нема да се откаже од овие титули и има намера да ја започне постапката за да им се вратат овие титули.

“Со текот на годините, направивме се за да го заштитиме клубот. Чекаме одговор на жалбата што неодамна ја поднесовме до надлежните органи, а клубот ќе стори се за да ги врати тие титули”, се вели во соопштението на Јувентус.

Во ноември минатата година, првата жалба на Јувентус беше одбиена, исто како и обидите од јули минатата година пред Државниот суд.

„Старата дама“ без овие две титули е убедливо најдобриот тим во Италија со 36 освоени Скудета, но Јуве сака таа бројка да се зголеми.

 

Advertisement

Facebook

Реклама