SportM
Фудбал

Јувентус нуди дури тројца фудбалери за најбараниот Италијанец!

Д М20 мај 2020
Јувентус нуди дури тројца фудбалери за најбараниот Италијанец!

Јувентус традиционално ги носи најдобрите играчи од Серија А. Бјанконерите се обидуваат да ги соберат најдобрите домашни играчи за да го сочуваат италијанскиот идентитет.

Најбараниот Италијанец ова лето ќе биде Федерико Киеса, одличен крилен играч на Фиорентина кој има намера да направи пробив во својата кариера по целосната афирмација во Фиорентина.

Киеса е приоритет број еден за Јувентус, а Старата дама е подготвена да понуди дури тројца фудбалери за неговите услуги. Така известува „Кориере ди Торино“.

Бјанконерите имаат намера да ги испратат дефанзивците Кристијано Ромеро и Даниел Ругани во Фиренца, како и играчот од средниот ред Роланд Мандрагора. Овие се многу добри фудбалери и Фиорентина дефинитивно ќе биде во искушение.

На навивачите на Фиорентина би му било тешко да му простат на Киеса за евентуален потег во Јувентус, но првиот човек на клубот, Роко Комиссо порано изјави дека во случај понудата да биде задоволителна, тој нема ништо против да го испрати 22-годишниот фудбалер во Торино.

Исто така и Интер е сериозно заинтересиран за Киеса.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.