SportM
Фудбал

Јувентус ослабен на гостувањето кај Виљареал

Д М20 фев 2022
Јувентус ослабен на гостувањето кај Виљареал

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри нема да може да смета на двајца важни играчи на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Виљареал.

Дополнителните прегледи утврдија дека повредата на Дибала која ја заработи во петокот на дуелот со Торино (1:1) не е од сериозна природа, но сепак Аргентинецот нема да биде во составот против Виљареал.

Истото важи и за Ругани, кој заработи повреда на мускулот додека се загреваше за дербито во Торино. Наместо тоа се очекува Данило да излезе на теренот.

Дуелот меѓу Виљареал и Јувентус во осминафиналето се игра во вторник од 21 часот.

Старата дама долго време е непоразена, но на последните два првенствени меча освои само еден бод, додека Виљареал е во нешто подобра форма во однос на следниот ривал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.